Aquon Evolution Simulator Veslanja

1.399,0 

Веслањето е идеален тренинг за целото тело, бидејќи активира 90% од мускулите!

Веслањето на машината Aquon Evolution ви дава чувство како навистина да веслате на вода. Максималниот отпор од 350 вати гарантира можност за интензивен тренинг за сите нивоа на физичка подготвеност.

Веслачка машина FINNLO од HAMMER Aquon Evolution

Веслањето е една од најефикасните и најздравите спортски активности, со оглед на тоа што се вклучени околу 90% од мускулите. Веслачката машина Aquon Evolution симулира веслање на мирна вода и може да се спореди со веслање во природни услови.

Веслањето води до следниве позитивни ефекти:

користи и зајакнува 90% од сите мускули во телото;
се подобрува издржливоста;
се зајакнува кардиоваскуларниот систем;
се намалува телесната тежина;
се зајакнуваат мускулите на грбот и нозете:
се подобрува држењето на телото.

Скоро тивката работа на машината, удобното седиште на екстра долгата шина и одвоените потпирачи за нозе даваат чувство на веслање на вода. Висината на седиштето од околу 50 см одговара на висината на седиштето во професионалните веслачки чамци. Екстремно долгата работна површина овозможува широк опсег на движења дури и за вежбачи чија висина е над 2 метри. LCD екранот јасно и прецизно прикажува информации за време на вежбањето.

 

 

Scroll to Top